
Hanters Style - Поезија за Вашите стапала
Hanters Style е бренд кој од неодамна започна со производство и дизајн на чорапи. Колекциите и дизајните се за луѓе кои не се плашат да покажат храброст и уникатност преку модните детали без разлика дали се работи за дневна или вечерна, бизнис или casual комбинација.
И токму тие се нашиот таргет и инспирација за подготовка на новата колекција Пролет 2019
која ја дизајниравме со јаки и весели бои и дезени. Колекцијата изобилува со чорапи со карактер!
Тоа е трендот кој дефинитивно го освои светот - шарени, смели и интересни дизајни кои внесуваат уникатен печат во секој стил.
Особен акцент ставаме на потеклото на памукот и останатите материјали со кои доаѓаме
до готов производ. Со гордост ќе кажеме дека потеклото на материјалите е европско,
но целокупниот процес на производство и дизајн е тука во Македонија.
Производните линии се за возрасни и за деца, а составот на чорапите е од високо квалитетен
памук кој во проверен сразмер и комбинација со еластан и полиамид дава краен производ
- чорап кој има висока издржливост, растегливост, а притоа и високо ниво на абсорбирање.
Проверете зошто нашето мото гласи: Вашата удобност е наша мисија!
Следете нè на социјалните медиуми Hanters Style Instagram и Facebook.
Пријави се за Newsletter
... и први добивајте ексклузивни промоции